Четири бронзени медали освои македонската сноуборд репрезентација викендот на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа на Бјелашница, Босна и Херцеговина
Италијанката Софија Гоџа се повреди пред Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг. На вчерашната трка во Кортина д’Ампецо во супервелеслалом Гоџа имаше пад што резултираше со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и пукнатина на потколеницата
Француската тенисерка Ализе Корне постави нов рекорд во женскиот професионален тенис. Таа по 63 обиди, успеа да се пласира на едно четвртфинале на Грен слем турнир
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми
Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари
Подготовките за претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг се спроведуваат кон крај, а отворањето на манифестацијата, судејќи според генералната проба, се очекува да биде спектакуларно
Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денес ја совлада Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3
Олимпискиот комитет на САД ги повика членовите на својата делегација на Игрите во 2022 година да не ги носат своите лични мобилни уреди во Пекинг и наместо тоа да користат евтини „телефони за еднократна употреба“ кои можат да се користат за контакт со семејството и да се фрлат кога ќе се вратат дома
На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен
Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал по пласманот во четвртото коло на Австралија опен одговори на прашањето дали се сомневал дека ќе може да се врати по повредата на стапалото, поради која не играше од крајот на претходното лето