Поради неочекувано големо присуство на граѓаните и покрај забраните и препораките, на манифестацијата, на која популарниот актер Џералд Батлер го запали олимпискиот оган во грчкиот град Спарта, од грчкиот Олимписки Комитет соопштија дека го прекинуваат штафетното предавање на олимпискиот оган низ Грција и директно, следниот четврток, ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио
Во моментите кога светскиот спорт се соочува со одложување на настани поради актуелниот Корона вирус, со јасни препораки за заштита, и рестрикции околу церемонијата за отварање на првенството, доделување на наградите и избегнување на препознатливото за снукер, џентлменско ракување, ЕБСА во координација со Министерставата за здравство и за спорт и Националната Федерација на Португалија, го продолжува Европското првенство во снукер
Големата награда на Австралија беше официјално откажана само два часа пред да започне првата слободна тренинг сесија
Сите турнири од АТП и Челинџер турнејата во текот на следните шест недели се откажани од Здружението на професионални тенисери во врска со пандемијата од КОВИД-19
Големата награда на Австралија во Формула 1 беше откажана денеска, поради епидемијата на коронавирус, неколку часа пред првата слободна тренинг сесија на Алберт Парк
По примерите на НБА, на МЛС и на МЛБ лигите, и првиот човек на НХЛ лигата во САД, Гери Бетмен објави прекин на натпреварувањето поради пандемија на Ковид-19.
Меѓународниот скијачки сојуз (ФИС) донесе одлука за одложување на Светското првенство во скијачки скокови на Планица (19-22 март) за наредната сезона. Директорот на Светскиот куп, Валтер Хофер, истовремено порача дека оваа сезона е завршена.
Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) соопшти дека ќе дозволи 10 натпреварувачи од Русија да настапат на Игрите во Токио како неутрални спортисти, додека Рускиот атлетски сојуз е казнет со 10 милиони долари.
Раководството на Формула 1 објави дека разговара за следните чекори, откако беше потврден случај на коронавирус во тимот на Мекларен. Британскиот тим се повлече од Гран-при на Австралија
Во античкиот храм на божицата Хера, во древна Олимпија, од зраците на сонцето беше запален олимпискиот оган за ЛОИ и започна штафетното предавање на патот кон Токио