Бошко Стаменковски, единствениот спортист кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство во Power lifting кое се одржа во унгарски Егер освои сребрен медал во дисциплината бенч-прес до 75 килограми.
На ревијалниот тениски „Лејвер куп“ во Чикаго каде играат селекциите на Светот и на Европа резултатот по вториот ден е 7:5 за тенисерите од „Стариот континент“.
Големите тениски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер утринава се поразени во првиот нивни меч како двојка.
По осми пат во Прилеп се одржува меѓународната планинска трка „Крали Марко Треилс“. Околу 400 натпреварувачи од 21 земја ги трчааат трите планински маратони со старт од амфитеатарот во најстарата прилепска населба Варош, преку Марковите кули па се до Козјак и назад.
Во моментов најдобрата светска тенисерка Симона Халеп изјави дека по освојувањето на „Ролан Гарос“ се чувствува порелаксирано.
Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе доминира на светската сцена во следните две до три години.
Претседателот на Светската атлетска федерција (ИААФ), Лордот Себастијан Коу, в недела и вo понеделник ќе престојува во Скопје како специјален гостин на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите Меѓународна боксерска федерација (ИБФ), Светска боксерска асоцијација (ВБА), Светска боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) Ентони Џошуа очекува претстојниот натпревар против Русинот Александар Поветкин да биде потежок од натпреварот против Владимир Кличко, но да заврши со сличен резултат.
На првиот ден од „Лејвер Купот“ гледачите очекуваат голема атракција. За првпат досега, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и швајцарската легенда Роџер Федер ќе играат заедно во двојки, во тимот „Европа“ на турнирот, кој се одржува во Чикаго.
Вечерва Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов се соочија првпат еден против друг пред дуелот меѓу себе, дел од УФЦ 229, кој ќе се одржи на 6 октомври.