Актуелниот прв светски рекет Роже Федерер го совлада американскиот тенисер Денис Кудла со 2:0 во сетови (7:6/1, 7:5) и се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500 во Хале.
Македонскиот каратист, Емил Павлов, го совлада Оргес Арифи од Косово со 3:1 и ја постигна првата победа за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада со 2:0 во сетови францускиот тенисер Адријан Манарино и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Квинс, Лондон.
Македонската одбојкарската репрезентација со пораз ги започна Медитеранските игри во Тарагона, а беше совладана со 3:2 во сетови од селекцијата на Египет.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека не меѓу фаворитите на Вимблдон и оцени дека најголеми шанси за освојување на престижниот турнир има швајцарскиот тенисер Роже Федерер.
Десетто традиционално рели ќе се одржи утре и задутре на планината Плачковица. Влатко Хилјадников од клубот „Астибо Екстрем“ вели дека очекуваат над 130 учесници со крос мотори и околу 80 со џипови.
Каратистот Емил Павлов ќе го носи македонското знаме и ќе ја предводи нашата делегација на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
Во организација на Атлетската федерација на Македонија, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје, на 1 јули на Водно ќе се одржи Европско првенство во планинско трчање во сениорска и младинска конкуренција.
Македонските спортисти донираа дел од своите лични предмети, дресови носени на европските првенства, златни медали до првата награда која некогаш ја добила Едина Муса, кои ќе бидат дел од онлајн аукција.
Триесет и шест-годишниот Швајцарец го загуби вториот сет и спаси два меч топки пред да победи во тајбрејк со 9:7 и да го затвори натпреварот. Беноа Пер водеше со 7:6, по што сепак Федерер направи три последователни поени и така стигна до победата.