Новак Ѓоковиќ испраќа една од најсилните години во својата кариера. Иако ја започна сезоната далеку од врвот, Србинот ги одигра неверојатно последните шест месеци и се врати на највисоката позиција на АТП листата.
Пилот на Мекларен, Фернандо Алонсо го искажа своето мислење за легендарниот германскиот тркач во Формула 1, Михаел Шумахер. Според него, Шумахер бил и останува голем.
Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо ќе го запише последниот старт во Абу Даби со специјален дизајн на својот болид. Алонсо најави претходно оваа година дека во сезоната 2019 ќе се одмори од Формула 1, но ја остава отворена вратата за евентуално враќање.
Американската тенисерка Венус Вилијамс склучи вонсудски договор за несреќата во Флорида, објави АП. Детали за зделката не се обелоденети.
Чичкото и веќе поранешен тренер на Рафаел Надал – Тони, смета дека 37-годишниот Швајцарец, Роџер Федерер тешко ќе освои нова Гренд слем титула.
Шампионот во Формула 3, Мик Шумахер ќе учествува во „Трката на шампионите“, која ќе се одржи во јануари 2019 година. Шумахер ќе биде во тандем со Себастијан Фетел за „Купот на нациите“, претставувајќи ја Германија.
Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави имињата на пет кандидати номинирани за наградата најдобар атлетичар на 2018 година.
Поранешниот германски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, изјави дека победата на Саша Зверев е добра за младите играчи, но и дека Србинот се уште може да доминира.
Шефот на „Либерти Медија“ Чејс Кери го посетил Рио де Жанеиро, за да ја истражи можноста за спроведување таму на ГП на Бразил. Ова прашање е поврзано со приватизацијата на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло, што може да биде пречка кон продолжување на договорот. Со други зборови, сопствениците на Ф1 бараат можна резервна опција.
Хокеарската репрезентација на Македонија триумфираше над Ирска со 9:6 во првото коло на „Девелопмент купот“, неофицијалното Светско првенство, што се игра во Фусен, Германија.