Италијанските медиуми по втората трка сезонава во Формула 1 покажаа многу низок праг на толеранција за грешките на Себастијан Фетел. Четирикратниот светски шампион повторно доби бројни негативни мислења, а печатот речиси лобира Ферари да се лиши што побрзо од присуството на Германецот.

Триесет и едно годишниот Фетел стигна до петто место во Големата награда на Бахреин овој викенд, а во комбинација со својата 4-та позиција во Австралија, почетокот на сезоната се чини кошмар за него. На „Сахир“, Фетел беше потполно засенет од неговиот помлад тимски колега, Шарл Лекелер, кој немаше да заврпи само на третото место, ако моторот не го изневери на десетина круга пред крајот.

Во Италија, се разбира, ја истакнуваат епизодата, која во голема мера ја предвиде слабата трка за Фетел. Не станува збор за фактот дека тој не можеше да ја задржи својата лидерска позиција во однос на Леклер, кого го надмина на стартот, туку за ненадејнотоизвртување на патеката во битката со Луис Хамилтон. Сето ова доведе до бројни суперлативи кон Леклер за неговата машка битка со своите ривали и техниката, а додека Французинот беше споредуван со новото „златно момче“ на „Скудерија“, суперлативите за Фетел воопшто не беа позитивни.

„Ла Република“ е на мислење дека Фетел, покрај неговото предно крило, ги загубил своите нерви некаде по пустината. „Леклер е вистинскиот конкурент на Луис Хамилтон“, велта оттаму.

„Кориере дела Сера“ вели дека четирикратниот светски шампион во Ферари е „понижен“ од неговиот тимски колега.

„Газета дело Спорт“ додава дека Ферари се враќа во неговата база во Маранело по Бахреин со „едно сигурно нешто и два проблеми“.

„Сигурното нешто се вика Шарл Лекелер, а двата проблеми се издржливоста (на моторот – н.з.) и Себастијан Фетел“, пишуваат италијанските колеги.

„Ла стампа“ оди уште подалеку, тврдејќи дека е потребен психолог за Фетел, кој треба и да ги избричи неговите мустаќи.

„Кориере дело Спорт“ веројатно е најжесток во своите критики: „Ферари гледа кон иднина, каде што нема место за Фетел. Мик Шумахер наскоро може да се најде рамо до рамо со талентираниот Леклер“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 18:38