Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ започна со победа во вториот круг од овогодинешното учество на турнирот од сериите „Мастерс 1000“ во Индијан Велс, откако се справи во два сета со квалификантот Бјорн Франтанџело (САД). Србинот победи со 7:6 (5), 6:2 за речиси 1 час и 30 минути на теренот
Венус Вилијамс покажа дека се уште може да се натпреварува со најдобрите, победувајќи ја бр.3 во шемата во Индијан Велс – Петра Квитова, во еден најинтересните дуели од вториот круг на турнирот кај дамите.
Пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес успеа да се избори со конкуренцијата во денешните квалификации и утре ќе стартува од пол-позицијата на Гран При на Катар на отворањето на сезоната 2019 во МотоГП.
За малиот Кристален глобус, Шифрин води со 1.060 поени, пред Въхова со 817 и Холендер со 601.
Швајцарската квалификантка Стефани Фогел ја победи изненадувачки четвртата тенисерка на ВТА листата, Слоун Стивенс со 6:3, 6:0 во натпревар од вториот круг на турнирот во Индијан Велс, додека Серена Вилијамс оствари триумф против Викторија Азаренка во друг натпревар од програмата.
Формула 1 разговара за можноста да се доделува бод за најбрз круг за време на трката. Идејата не е нова, бидејќи во 1950-тите тоа беше практика, која подоцна беше исфрлена.
Енди Мареј објави дека тешката операција, на која се подложи, била успешна и поранешниот бр.1 во светот се надева дека ќе се врати на теренот уште во текот на летото. Ако Шкотланѓанецот навистина може да ја продолжи кариерата, тој ќе стане првиот професионален тенисер во сингл, кој има метал во колкот.
Шефот на Ферари, Луис Камилери вети изненадување за навивачите на првата трка во Мелбурн. Целото брендирање на „Mission Winnow“ (Мисија „Победа сега“) ќе биде отстрането од „СФ90“ за почетокот на сезоната, а тоа остава доста празно место на болидот.
Вкупно 40 сноубордери од Македонија, Бугарија, Грција и Романија се натпреваруваа во дисциплините слоупстајл, паралелен велеслалом и велеслалом на четвртиот ФИС натпревари во сноубординг што се одржа од 28 февруари до 4 март во Маврово во организација на клубот Полар и Скијачката федерација на Македонија.
Официјалниот снабдувач на гуми за Формула 1 – „Пирели“ – го откри изборот на тимовите за првиот круг од сезоната 2019 – Гран при на Австралија.