Пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес успеа да се избори со конкуренцијата во денешните квалификации и утре ќе стартува од пол-позицијата на Гран При на Катар на отворањето на сезоната 2019 во МотоГП.

Шпанецот беше многу побрз од клубскиот колега Валентино Роси, кој, како и за време на предсезонските подготовки, не успеа да го извлече максимумот од машината на Јамаха и во утрешната трка ќе треба да си пробива пат кон челото од незавиднаѕа 14-та позиција.

Втор со задоцнување од 0.198 секунди остана Андреа Довициозо со Дукати. Минатогодишниот шампион, Марк Маркез ги комплетираше топ 3. Во својата последна квалификациска обиколка, шпанската ѕвезда на Хонда беше побавна од вториот Довициозо со само 0,001 секунда.

Првата трка за сезоната 2019 за Гран При на Катар на патеката „Лосаил“ почнува утре од 18:00 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2019 11:31