Петра Влхова (Словачка) ја постигна првата победа во кариерата во велеслалом кај жените, откако триумфираше во трката од Светскиот куп во австрискиот центар Земеринг.
Поранешниот светски лидер на АТП листата, Рафаел Надал, по долго отсуство, се врати на теренот со пораз. Шпанецот загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Италијанецот Доминик Парис го освои по трет пат во кариерата спустот од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека „Стелвио“ во италијанскиот зимски центар Бормио. Италијанецот ја помина патеката со должина од 3.270 метри за 1:55,21 минути.
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ нема да игра на турнирот во Пуне, Индија кој започнува на 31 декември.
Роџер Федерер изјави дека е подготвен за уште една успешна сезона во тенисот, која започнува со Австралија Опен, каде што Швајцарецот ќе ја брани својата титула. „Маестро“, кој се наоѓа на третата позиција во светската ранглиста, се надева на трета титула по ред во Мелбурн, откако триумфираше во 2017 и 2018 година.
Меѓународниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ ќе го има своето 42. издание. И овој пат Агенцијата за млади и спорт ја помага манифестацијата која ја афирмира одбојката.
Најдобар тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се најде пред најдобриот фудбалер на планетата, Лука Модриќ во изборот на новинарите за најдобар спортист на Европа за 2018 година.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, е оптимист дека може да дојде до трофејот на првиот Грен слем идната година.
Јапонската влада планира да ја забрани употребата на беспилотни летала кај спортски објекти кои ќе бидат во функција на Летните олимписки и параолимписки игри во Токио во 2020 година.
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас се потсети на неговиот најлош момент минатата сезона во шампионатот во Формула 1.