Поранешниот светски лидер на АТП листата, Рафаел Надал, по долго отсуство, се врати на теренот со пораз. Шпанецот загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

„Матадорот“ го зеде првиот сет со 6:4, но потоа ги загуби следните два – 3:6, 4:6. Па така, тој ќе се сретне во неговиот следен меч сопоразениот од натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карен Хачанов во битката за третото место на турнирот во Обединетите Арапски Емирати.

Тоа беше и првиот натпревар за Шпанецот по речиси 4 месеци, откако отпадна од Ју Ес Опен и повеќе не се појави на теренот во официјален дуел.

– Ова не е најдобриот почеток на сезоната, но морам да одам чекор по чекор за да можам целосно да го опоравам моето тело по оваа серија повреди и мојот долг престој надвор од теренот, рече Надал.

Поради повредите, шпанскиот тенисер учествувал само на девет турнири во 2018 година, од кои повеќето беа на земја



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 18:25