Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас се потсети на неговиот најлош момент минатата сезона во шампионатот во Формула 1.
Финецот се повлече од трката за Големата награда на Азербејџан на само два круга до крајот.
– Тоа беше едно од најголемите разочарувања во мојата тркачка кариера. До ден-денес, мислам дека возев една од најдобрите трки во мојата кариера. Успеав да ги избегнам грешките и да станам лидер. Само неколку моменти пред гумата да се дупне, бев сигурен дека ќе победам. Чувствував дека сè е под контрола. И потоа се случи тоа што се случи. Кога се вратив во хотелот по трката, едноставно се срушив исцрпен. Плачев како дете. Но, пота брзо дојдов при себе. Одлучив дека оваа несреќа не треба да ме скрши, изјави Ботас.
Ботас во Баку се наоѓаше пред победа но во 48.круг наиде на остатоци од болид на патеката и остана без предната гума по што остана без првото место.