Поранешниот светски шампион во бокс Флојд Мејведер може да заработи 88 милиони долари од неговата деби борба во мешаните боречки вештини (ММА), пренесе Токио Спортс.
Австралискиот тенисер Ник Киргиос почнал да ги користи услугите на психолозите. Според 23-годишниот контроверзен тенисер на таков чекор се решил за подобро спокојство.
Фетел верува дека и двајцата мора да работат како партнери на патеката и да го развијат новиот автомобил со тимот, ако сакаат да направат нешто во следниот шампионат.
Операцијата на десниот глужд на носителот на 17 Гренд слем титули, Рафаел Надал, поминала успешно, соопшти самиот тој на социјалните мрежи.
Врз шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој го откажа учеството на финалниот Мастерс во Лондон, извршена е операција на глуждот, објавено е од страна на лекарот Ангел Руиз-Которо. Според него, операцијата траела 35 минути.
Во Лондон од 11 до 18 ноември ќе се игра завршниот Мастерс турнир на кој ќе учествуваат осум тенисери. Организаторот ги објави составите на двете групи со по четири играчи.
Надал само неколку дена претходно реши да се откаже од настап во Париз, но се очекуваше да се обиде да игра во „О2 Арена“ во Лондон.
Кими Раиконен верува дека построгите казни за големи инциденти во Ф1 ќе ги сопрат пилотите да прават „глупости“. „Ледениот“ е на мислење дека правилата се премногу релативни и не носат вистински резултат.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално се врати на првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тенсики професионалци.
Рускиот тенисер Карен Хачанов им се заблагодари на навивачите за поддршка, откако во финалето на Мастерс турнирот во Париз го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7:5 и 6:4). Дваесет и две годишниот Русин не верува во она што се случува.