Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи во хаотичната трка за Големата награда на Сингапур и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 28 бодови пред Себастијан Фетел од Ферари.
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на втората трка возена денеска во Белгија во шампионатот ЕТЦЦ. Со овој триумф тој се искачи на второто место во генералниот пласман. Стефановски имаше и најбрз круг во втората трка.
Рафаел Надал ја освои својата 16-та Грен слем титула и трета на Отвореното првенство на САД, откако во финалето беше подобар од Кевин Андерсон во три сета, 6:3, 6:3, 6:4.
Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека најверојатно нема да се натпреварува до крајот на годината поради повредата на колкот која го мачи изминатите два месеца.
Луис Хамилтон и Валтери Ботас остварија „еден-два“ победа за тимот на Мерцедес на денешната 13-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се возеше за Големата награда на Италија.
Двајцата најголеми фаворити на последниот Грен слем турнир УС Опен, Рафаел Надал и Роџер Федерер немаа поголеми проблеми да го минат третото коло.
На Балканското првенство во Црна Гора Македонските Кендо репрезентативци освоија трето место односно бронзен медал.
Британскиот возач од тимот на Мерцедес е победник на трката за големата награда на Белгија, откако денеска успеа да ја задржи првата позиција од самиот почеток до крајот и покрај притисокот од Себастијан Фетел во последните десетина кругови.
Американскиот боксер Флојд Мејведер ноќеска успеа во „мечот на столетието“ да го нокаутира ММА борецот Ирецот Конор МекГрегор. Тој како апсолутен шампион заминува во пензија со 50 триумфи во кариерата.
– Направив се да се подготвам за овој турнир, дури имав повеќе одмор по Вимблдон. Изминативе денови добро тренирав, но имам големи болки за да можам да го освојам овој турнир, изјави Мареј.