Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер секогаш патува со голем тим и семејството на турнирите, па затоа честопати не му се исплаќа учеството на некои турнири.
Џон Иснер повторно ја освои титулата на турнирот во Атланта со награден фонд од 668.460 долари. Во финалето, Американецот победи по пресврт со 5:7, 6:3, 6:4 против неговиот сонародник Рајан Харисон.
Матео Беретини ја освои првата АТП титула во кариерата, победувајќи го 17-тиот светски тенисер во светот во финалето на турнирот во Гштад, Швајцарија.
Британецот Герајнт Томас го освои 105-тото издание на „Тур де Франс“. За 32-годишниот натпреварувач на „Скај“ ова беше прва победа во било која од големите три велосипедски тури во светот - оние на Франција, Италија и Шпанија.
Луис Хамилтон беше видливо задоволен по неговата шеста победа на „Хунгароринг“. Мерцедес ја контролираше трката цело време и не им даде можност на Ферари да ја покажат својата предност.
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија и ја освои последната трка пред едномесечната пауза во Формула 1.
Олимписката вицешампионка од Рио 2016 Кејтлин Бејкер (САД) постави нов светски рекорд на 100 метри грбно за жени на националното првенство во пливање
Ватерполистите на Србија се старо-нови европски шампиони. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција на Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па шампионот беше одлучен по изведувањето на пеналите, по кои „делфините“ стигнаа до победата со 5-3.
- Тој е многу повеќе од „крал на земја“, поради неговата популарност и неговите навивачи. Луѓето сега знаат дека тој игра поагресивно и поофанзивно, па затоа е подобар на побрзи терени, вели Федерер.
Според финскиот пилот на Ферари Кими Раиконен, сообраќајот на крајот на денешните квалификации го лишил од сигурна пол-позиција за утрешното Гран При на Унгарија.