По речиси три часа игра, деветатта носителка Светлана Кузњецова во интересен меч со доста пресврти успеа да ја совлада 3 – тата носителка на ВТА листата Агњешка Радванска со 2:1 во сетови и тоа 7-5, 1-6, 7-5.
Сепак резултатот остана во сенка после потегот кој го направи Руската тенисерка и во текот на стандардната пауза помеѓу гемовите, извади ножици од својата торба и исече дел од косата.