Дејвис куп репрезентацијата на Велика Британија на чудесен начин се пласираше во четвртфиналето на ова натпреварување. Седумнаесет годишниот Канаѓинин Денис Шаповалов, дисквалификуван е во третиот сет на натпреварот против Велика Британија.
234-тиот тенисер на светот според АТП листата, по негативата од 2:0 во сетови, во третиот сет на резултат 2:1 видно нервозен поради слабата игра и во недостаток на самоконтрола, го удри топчето со сета сила во правец на трибините, но за негова несреќа заврши во главата на главниот судија на натпреварот.
Според тениските правила, таквиот потег, без разлика дали е намерен или ненамерен значи и автоматска дисквалификација.
На овој начин Велика Британија се пласираше во четврт финалето на Дејвис Купот, а историјата не памети ваков или сличен потег. Сепак, за се има прв пат.