Карлос Саинц и Шарл Леклер направија двојна победа за Ферари на трката за ГН на Австралија, а Шпанецот го презеде водството во вториот круг и остана во водство до финишот.
Австријката Корнелија Хутер победи на последниот спуст од сезоната кој скијачките го возеа денеска во австриски Залбах и со триумфот го освои малиот Кристален глобус во оваа алпска дисциплината.
Јапонката Каори Сакамото ја задржа светската титула во уметничко лизгање со извонредниот настап во Монтреал во петокот и стана првата жена која освоила три последователни круни по Американката Пеги Флеминг во 1968 година.
Во рамките на тениската антикорупциска програма санкционирани се 41 лице, меѓу кои девет добија доживотна забрана за вршење на спортот, соопшти ИТИА.
Актуелниот лидер во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе ја почне неделната трка за Големата награда на Австралија од најдобрата стартна позиција.
Мајк Тајсон, легендарниот боксер, ќе се врати во рингот во јули оваа година за да се бори со познатиот јутјубер Џејк Пол.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа најбрзи на денешните тренинзи во Мелбурн, пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија.
Пред две недели Саинц возеше на првите два тренинга пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој потоа имаше операција на слепото црево на 8 март, поради што ја пропушти трката во Џеда.
Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрсот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го сподели своето мислење за интересот од Мерцедес. Според трикратниот шампион, пријатно е чувството кога се знае за интересот кон него на германскиот тимски шеф Тото Волф.