Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат телевизиска серија за правото на жените на глас, која го носи името „Часот на жената“.
Глумците Џон Траволта (64) и Оливија Њутн Џон (69) го прославија 40-тиот роденден на познатиот мјузикл „Брилијантин“, во кој ги играа главните улоги.
Екипата за новиот игран филм на Милчо Манчевски насловен „Врба“ два дена снима сцени во Прилепско. Вчера беше во околината на манастирот Трескавец и тоа е првиот од двата дена претснимање сцени за филмот.
Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазарова е прогласен за најдобар игран филм на 24. Филмски фестивал во Сараево и ја доби наградата „Срцето на Сараево“.
Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, а чии подготовки влегуваат во својата завршница.
Деветтиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер во Куршумли ан ќе почне со краткиот копродукциски филм „Вај-фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенбор, и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул - „Кеди“ на Сејда Торун. По проекциите ќе следува концерт на групата „Џими Барка Експириенс“.
„Реалноста режирие правиме филмови“ е моа, нтото на фестивалот, што ќе заврши на 23 август, а освен во Куршумли-ан, ќе се одржува и на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност во Скопје.
Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на пост-продукција.
Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.
Организаторите на Оскарите денеска соопштија дека ќе воведат нова наградна категорија за филмовите, како и дека преносот на церемонијата во 2019 година ќе биде ограничен на три часа.