Познатата хрватска актерка Марија Кон почина вчера наутро по долго боледување, на 84-годишна возраст, објави Хрватското друштво на драмски уметници.
Сценарио напишано од Стенли Кјубрик и неговиот соработник Калдер Вилингам во 1956 година, под наслов „Burning Secret”, е пронајдено сосем случајно од страна на Британската филмска академија, при собирање податоци за класиката на Кјубрик, „Очи широко затворени“.
Новиот филм „In Darkness“, со Натали Дормер (позната по ТВ серијата „Игра на престолите“) и манекенката Емили Ратајковски во главните улоги, предизвиика негативен одѕив меѓу критичарите поради „бесплатната голотија", како што некој од нив ја нарекуваат голотијата без причина, пишува „Есквајр“.
Во рамки на програмата Warm Up на „Струмица опен фестивал“ вечер ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески. Проекцијата е бесплатна и ќе биде на отворено - на езерцето во Градскиот парк во Струмица.
Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од 19-ти јули ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина – „Трианон“.
Американската актерка Синтија Никсон, најпозната по улогата на амбициозната адвокатка Миранда во ТВ серијата „Сексот и градот", ги собра потребниот број потписи за да се кандидира за гувернер на американската сојузна држава Њујорк. Нејзе и беа доволни 15.000, а таа соопшти дека собрала 65.000 потписи.
Телевизиската серија на кабелскиот оператор ХБО, „Игра на престолите" со 22 номинации води во бројот на номинации за американските награди Еми. Зад неа се „Западен свет" и „Приказните на слугинката".
Хоакин Феникс ќе го толкува „Џокер“, познатиот негативец од „Бетмен“ филмовите и стриповите, во филм каде што тој, Џокерот ќе биде главен лик, објави „Холивуд Рипортер“.
Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз глумица со која работел на неколку проекти претходно. Нови податоци од истрагата велат дека повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ.
Снимањето на последната, осма сезона од ТВ серијата „Игра на престолите“, заврши, и ќе има шест епизоди, соопштија ѕвездите на друштвените мрежи.