Седумдесет и првиот Меѓународен филмски фестивал во Кан, почнува денеска и ќе биде отворен со филмот „Todos lo saben“ на иранскиот режисер и оскаровец Асгар Фархади, во кој играат Пенелопе Круз, Хавиер Бардем и аргентинскиот глумец Рикардо Дарин.
Вкупно 21 филм ќе влезат во конкуренција за наградата „Златна палма“ на 71. Меѓународен фестивал во Кан, кој годинава ќе трае од 8 до 19 мај. Претседател на годинешното деветчлено жири е австралиската глумица Кејт Бланшет.
За нова шема за кражба на податоци од банкарски картички, алармира компанијата за безбедност Есет. За таа цел, тие ја користат популарната услуга за стриминг на филмови и ТВ серијали - Нетфликс.
На филмскиот работник Панта Мижимаков денеска во Кинотеката на Македонија ќе му биде доделено признанието за исклучителен придонес во македонската кинематографија „Златен објектив“.
Филмскиот работник Панта Мижимаков е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2018 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Со проекциите на филмовите „Самит“, „Диви момчиња“ и „Пеперутки“ вечер ќе заврши 21.издание на Скопје филм фестивал.
Во киното „Мис Стон“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп веќер и утревечер ќе се прикажува филмот на Милчо Манчески „Бикини мун“.
Краткиот игран филм „48“ на режисерот Владимир Митревски во продукција на Дрим Фектори, е селектиран на престижниот филмски фестивал во Нешвил, Америка.
Со проекција на „Мало крило“ на режисерката Селма Вилхунен, вечер во Кинотека на Македонија почнува Неделата на современ фински филм.
Филмот „Година на мајмунот“ по режија и сценарио на Владимир Блажевски денеска ќе ја има својата интернационална премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал.