На белградски ФЕСТ вечерва најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, Бикини Мун ќе ја има европска премиера.
Дебитантскиот филм на Марисја Никитук, копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија, денеска ќе има светска премиера на филмскиот фестивал во Берлин во програмата „Панорама“.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на најновиот филм на Марвеловиот Универзум „Црниот Пантер“, кој вечерва премиерно ќе биде прикажан во Скопје.
Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата", синоќа започна 68. Меѓународен филмски фестивал во Берлин.
Дебитантското остварување на македонскиот режизер Ѓорче Ставрески, „Исцелител“, ја освои наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија.
„Warner Bros“ нарачале нова серија за приказната на Супермен, објави „Screen Rant“. Шоуто ќе се вика „Metropolis“, а 13 епизоди веќе се договорени за него.
Играниот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 22. Софија филм фест кој ќе се одржува во март.
Во Кинотека на Македонија денеска и утре ќе бидат прикажани четири музички документарци во рамки на зимското издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ (Skopje Cinema City).
Филмот на Клајв Колијер „Засолниште“ е интимен портрет на вокалистката на Dead Can Dance Лиза Жерар. Снимен во 2006, филмот ја покрива сета нејзина кариера, почнувајќи од Dead Can Dance, но со голем акцент и врз нејзината соло кариера и успехот со филмска музика.
Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран да се прикажува на интернационалниот филмски фестивал во Тромсо, кој е најголем во Норвешка. Премиерното прикажување ќе биде денеска, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот.