Филмското студио „Ворнер брос“ го откри поднасловот на четвртиот дел од серијалот филмови „Матрикс“. Кијану Ривс повторно ќе го глуми главниот лик Нео, како и во претходните три дела.
Глумецот Питер Галагер е новото познато лице во претстојната сезона на „Вовед во анатомија“, како д-р Алан Хамилтон.
Мајкл Китон по речиси 30 години, повторно го глуми Бетмен. Овојпат во филмот каде што главен и насловен лик е, всушност, еден друг суперхерој – Флеш.
Во новата серија на „Марвел“ и „Дизни плус“ – „Што ако…?“ како цртан лик се појавува и Т’Чала – Црниот Пантер, лик што го прослави глумецот Чедвик Боузман, кој почина лани. Неговиот глас разбуди емоции околу покојниот и, сега веќе легендарен актер.
Режисерот Џереми Гарелик потврди дека ќе го снима продолжението на „Мистериозно убиство“, хит-акционата комедија од 2019 година.
„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.
Џони Деп проговори за бојкотот на Холивуд (кон него) во своето прво интервју по губењето на неговата тужба за клевета лани, против британскиот таблоид „Сан“, каде што актерот беше наречен „сопруготепач“.
Белгискиот глумец Жан-Клод ван Дам е една од најголемите акциони ѕвезди од 1990-тите, па по повод 30-годишнината од филмскиот мегахит „Двоен удар“ (Double Impact), имаше интервју за „Јаху ентертејнмент“.
Втор проект за „Црниот супермен“ ќе биде во фаза на продукција на „Ворнер брос“, со Мајкл Б. Џордан кој работи на тоа за „ХБО Maкс“. Се работи за мини-серија
Со новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар – „Madres paralelas“, ќе биде отворен 78. Филмски фестивал во Венеција. Како што соопшти денеска управата на најстариот филмски фестивал во светот, остварувањето биде вклучено во главната конкуренција