Жирито на Американската филмска академија денеска ги објави номинациите за наградите Оскар за 2019 година.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на „Одмаздници:Војна на бесконечноста“ кој доби номинација за Оскар.
Номинациите за „златни малини“ – „признанијата“ за најлоши филмски достигнувања во годината, се официјално објавени. Во веројатно најнепријатната категорија – онаа за најлош филм, ќе се натпреваруваат пет проекта: биографскиот „Готи” со Џон Траволта, комедиите „Среќни убијци” и „Холмс и Вотсон”, засега последната екранизација на „Робин Худ” (со Тарон Еџертон и Џејми Фокс) и хоророт „Винчестер”.
Играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ – авторски проект на проф. д-р Соња Ризоска-Јовановска, во кој насловната улога ја игра Игор Џамбазов, премиерно ќе биде прикажан во Македонската опера и балет вечер од 20 часот.
Комичарката Бети Вајт го прославии 97. роденден со торта и играјќи покер со пријателите.
На годинашниот 12. Меѓународен филмско-музички фестивал „Кустендорф“, Златното јајце за најдобар филм му припадна на швајцарскиот филм „Полн пансион“ (All Inclusive), на режисерката Корина Швингрубер Илиќ.
– Прв дена од снимањето на третиот дел, викендов ги гледавме и првите два. Ќе биде лудо, напиша Смит под сликата од нив двајцата што ја објави на Инстаграм.
Режисерот Стивен Спилберг ја избра 17-годишната средношколка Рејчел Зеглер за главната улога во својата преработка на оскаровскиот филм „Приказна од западната страна“. На аудицијата се пријавиле 30.000 млади девојки.
Британскиот глумец Хју Грант викендов бил жртва на провала, по што тој ги замоли крадците кои му го искршиле автомобилот, да му го вратат само сценариото кое го одзеле.
ХБО го објави првиот трејлер за осмата, последана сезона од светски популарната серија „Игра на тронови“.