Од 21 до 27 јануари во Софија ќе се одржи Недела на македонскиот филм.
„До крајот на светот и понатаму“ е насловена Неделата на австралиски филм која Кинотеката на Македонија ќе ја организира од 26-ти до 30 јануари кога ќе прикаже пет филма од австралиската кинематографија снимени во изминатите две децении.
Она што неколку години се сметаше само за гласина, дека Мартин Скорсезе ќе режира документарен филм за славната турнеја на Боб Дилан во 1975 година, сега е и официјално потврдено.
Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.
Филмови за деца од хрватската кинематографија ќе прикажува Кинотеката на Македонија во рамки на програмата „Кино утро“ која ја организира секоја година за време на зимскиот распуст.
Претпродолжението на „Игра на тронови“ полека ја добива својата форма, откако ХБО официјално ги објави имињата на осуммината нови актери и соработници кои ќе му се приклучат на проектот.
Продукциската куќа ХБО објави сцена од новата сезона од серијата „Игра на тронови“, на три месеци пред премиерата.
Продукциската куќа „Сони Пикчрс“ го најави вториот дел од приказната за антихеројот на Марвел, Веном, со речиси истиот тим.
На гала вечера во Лос Анџелес синоќа беа доделени традиционалните награди Златен глобус, втора по важност мејнстрим филмска награда, веднаш по Оскарите.
Суперхеројската акција „Аквамен“ снимен по истоимениот стрип на Ди-си Комикс, досега оствари заработка од 822 милиони долари на светско ниво. Со тоа, филмот ја надмина и „Жената чудо“ од минатата година, која досега заработи 821 милион долари.