ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска започна акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во скопската општина Ѓорче Петров.
Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните. Ова е дел од одговорот на градоначалникот Шилегов на советничкото прашање поставено на денешната седница, поврзано со реакциите околу идејниот проект за изведба на зелен покрив на дел од ГТЦ.
Советот на Град Скопје на денешната седница одлучи, како израз на солидарност, на семејствата на загинатите лица од сообраќајката што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, да им додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска спроведува акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во Општина Ѓорче Петров.
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изминатите два дена се одржа третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје на мраз 2019“ на кој настапија вкупно 73 натпреварувачки од земјава и регионот.
На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово денеска ќе има привремен сообраќаен режим поради изведување градежни зафати.
Бараат од Владата да закаже седница на која ќе предложат мерки кои ќе дадат резултат на долг рок. Институциите, велат од здруженијата, не се заинтересирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот и последиците што ги трпат децата. Од нив бараат час поскоро да се фатат за работа.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, со цел поуспешна реализација на активностите поврзани со намалување на фрлањето храна на територија на градот Скопје, како и насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани.
Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, што не се исчистени околу 10 години.
Поради градежни зафати на повеќе локации во Град Скопје, утре сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим, соопштија од Градот.