Тој смета дека паркирањето во Скопје треба да биде унифицирано и додаде оти за тоа разговараат со општина Центар. Соопшти дека денеска има состанок со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ за оваа тема.
Во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево целосно е обновена училишната сала. Средствата ги обезбеди Општина Кисела Вода.
Градот Скопје денеска потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет со кој прецизно се утврдуваат обврските на двете институции во еден многу важен дел од заштитата на животната средина - мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.
Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат.
Градот Скопје предвидува измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, со што ќе се овозможи бесплатно користење на спортските сали на установите во сопственост на Градот, за лицата со посебни потреби кои учествуваат во спортски активности организирани од сојузи, здруженија на граѓани, организации или друг облик на здружувања.
Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа фејсбук се појави фотографија од новиот ценовник на паркиралиштето во Клиничкиот центар "Мајка Тереза".
Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот. При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.
Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Продолжен зимски распуст за сите ученици во Македонија за два дена, бесплатен јавен превоз за граѓаните во Скопје и уште неколку други итни мерки и препораки донесоа Владата и Град Скопје откако Скопје викендов неславно се најде прв на листата по аерозагадување во светот, а енормно количество на ПМ10 честички регистрираа и мерните станици во Битола, Тетово и Струмица.