Во екот на новогодишната магија за споделување радост и среќа со најмилите, жените вработени во Пивара Скопје повторно го посетија СОС Детско Село Македонија.
Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.
Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2018 година.
Граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ денес пред просториите на Град Скопје одржа прес-конференција и предаде новогодишно пакетче на градоначалникот Петре Шилегов.
На вчерашната седница на Советот на Град Скопје се усвои одлуката за нова вредност на бодот, конкретно за пресметување на платите на вработените во ЈП „Комунална хигиена“, информираше директорот на претпријатието Абдусамед Шабани на денешната прес-конференција по повод една година од стапувањето на функцијата.
Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје.
По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.
Еден од најпознатите косовски бендови, ска-панк-рок бендот „Офкестра“ на Новогодишната ноќ во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови. На 31 декември тие ќе настапат на плоштадот „Македонија“ со почеток во 21 часот, на новогодишната забава што за граѓаните ја организираат Градот Скопје и Македонски Телеком како главен покровител.
Новогодишна приредба во рамки на проектот „Заедно празнуваме на Нова година и се радуваме“ реализиран од детските градинки „Срничка“ од општина Аеродром и „Фидани“ од Општина Чаир се одржа денеска во објектот „Бамби“.