Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа.
- ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.
Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.
Стојкоски посочи дека компанија е единствена во тој дел која што се занимава со таков тип на преработка а дали ги има потребните дозволи за да го работи тоа во моментов треба да испитаат институциите.
Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира „Светското првенство“ во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, на местото се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.
Парното ќе поскапи 4,51 процент, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“ денеска во Градскиот парк во Скопје го одржа третото издание на воздухопловно едукативен саем „Skopje Air Fair 2023“.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес ги подели бесплатните униформи на учениците од ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари.
Во Градскиот парк во Скопје денеска со дефиле што се одржа по повод одбележувањето на месецот на борба против ракот на дојки, беше испратена порака за подигање на свесноста за потребата од информираност, превенција, самопрегледи и редовни лекарски прегледи.