Планот на програмата за развој на општина Центар за периодот од 2019 до 2021 година, кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, техничките исправки на две градежни парцели во ДУП-от за дел од локалитет Буњаковец 1, беа дел од точките што се најдоа на дневен ред на 20-тата седница на Советот на општина Центар.
По успешната организација на Кружниот авто натпревар Скопје 2018 во октомври, АКК Примо авј ви најавува уште една трка на познатата патека лоцирана на булеварот „Гоце Делчев“ во појасот „Судска Палата“ – „Скопски Саем“ и паркингот пред хотел „ВИП“.
Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година, согласност со одредбите за присилна наплата и обврските што произлегуваат од Законот за даноците на имот.
– Од се срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму вие, со вашиот талент, дух и желба за напредок придонесувате за развој на спортот во нашата општина – изјави градоначалникот Златко Марин.
Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 15 часот се пристигнати 109 барања.
Советот на Град Скопје денеска ја донесе Одлуката за утврдување потреба за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор на подрачјето на Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја откажа посетата на Будимпешта која требала да се оддржи на 22 ноември.
Општина Карпош во соработка со СВР Скопје почнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.
Современа трагедија и критика на моралната инерција во денешните општества – тоа е во основата на претствата „Фестен“ (Прослава) од Дејвид Елдриџ која Драмски театар-Скопје премиерно ќе ја изведе в петок во режија на Зоја Бузалковска.
Градските власти денеска официјално ја објавија одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија, Европска престолнина на културата за 2028 година.