Од денеска сите заинтересирани жители на Град Скопје можат да аплицираат за субвенции за набавка на печки на пелети.
Skopje Design Week или позната како Скопската недела на дизајн, оваа година ќе се одржи од 21. до 25. ноември, во Јавна Соба и Лукс, а земја во фокус е Германија.
Она што ќе го видите во систематизираните ставови на ЗЕЛС, а што треба да ни биде главниот документ во преговорите со Владата, предвидува продолжување на децентрализацијата во неколку насоки.
Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом“ во општина Аеродром денеска преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината.
Иницијативата „Аеродром сака да дише“ жестоко се спротивстави на одлуката на Уставниот суд во врска со парцелата кај Мајчин дом во општина Аеродром
Со два милиони денари од сопствениот ребалансиран буџет, Општина Карпош ќе учествува во замената и унапредувањето на севкупниот систем за собирање на комуналниот отпад, која ја спроведува Градот Скопје на цела територија. Зависно од цената на контејнерите, за своите потреби локалната самоуправа детерминираше десетина критични локации, каде што ќе бидат поставени новите контејнери.
Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1 март.
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември" на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември" на Град Скопје за 2018 година.
Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“ по денешната одлука на Уставниот суд за неповедување на постапка по поднесените иницијативи за ДУП И10, информираат од Општина Аеродром.
На денешната седница Уставен суд расправаше за претставките поднесени против ДУП И10, кој ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом. Судот донесе одлука да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион.