Планирање на буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година, решавање на потребите и проблемите во локалната самоуправа преку можности за соработка помеѓу Општината и бизнис заедницата, беа тема на денешната трета седица на Советот на стопанственици на Општина Кисела Вода.
Петиција против изградба на цинкара се реализира во Кавадарци. Иницијативата е на граѓанското здружение „Еко живот“, а собирањето потписи почна денеска.
На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и воп Охрид.
Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара итно прекинување на активностите за изградба на гасоводот низ Водно заради, како што велат, загрозувањето на животот на работниците на терен и игнорирањето на мерките за заштита од ерозија.
Организаторите на настанот очекуваат дека оваа иницијатива ќе стане традиционална, особено што и во Македонија трчањето станува се попопуларно, а расте и свеста за потребата од грижа за животната средина.
Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале, соопштија денеска од општина Центар.
Plogging настан за џогирање и собирање отпадоци ќе се одржи денеска на Кејот на Вардар во организација на Скопје Мериот хотелот.
Во Скопје денеска завршува тридневниот самит на над 1.000 членови на лајонс клубовите од Европа, но и од САД, Индија, Јужна Кореја и други држави во светот.
Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ од денеска имаат греење и топли радијатори, а од пред два дена и топла вода. Државниот студентски центар со помош на БЕГ ги санираше дефектите во внатрешната инсталација.
Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми. По отстранување на проблемот, во најбрз можен рок тие ќе бидат вклучени во системот, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).