Јавното сообраќајно претпријатие денеска соопшти дека автобусите од јавниот превоз утре ќе возат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Врвни црвени, бели или розе вина, закуски и богата музичка програма ќе понуди годинашниот „Фестивалот на виното – Вино Скоп" што ќе се одржи од 24 до 27 октомври на „Плоштад Македонија".
Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување штетни глодари на својата територија. Со акцијата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници.
Здружението на пензионери - Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.
Автобусот со број 28 на ЈСП од понеделник ќе сообраќа по изменета траса од досегашната, поради затворање на комплексот „Македонско село".
Во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ), денеска се одржа работилница на интерсекторската работна група за спроведување на истражувањето во Општината - „Прашалник за здрава населба-колку е добра и здрава нашата населба?“ и Институтот за јавно здравје, соопштија од Општина Карпош.
Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од 19 октомври, до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим, соопштија од Град Скопје.
Ова го соопшти директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ Пеце Мирчевски, кој како што информираше денеска имал средба со претставници на концесионерот на „Македонско село“ Тинекс и Квинс хотел на која го повториле ставот за еднострано раскинување на договорот и за обврските што произлегуваат од тоа.
Комплексот „Македонско село“ се затвора од утре. Одлуката денеска ја објави менаџментот на нивната веб-страница и на Фејсбук профилот.
ЈСП Скопје соопшти дека од петок (19.10.2018) се укинуваат сезонските линии 58 (Транспортен центар-Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар-Дивле, Катлановско блаце, Кожле).