Несекојдневни олдтајмери и моторцикли од кои дел за првпат ќе бидат видени во Македонија денеска ќе бидат изложени на плацот кај авиончето во скопската населба Аеродром.
Центарот за научни истражувања „ХАЕМУС“ од Скопје ја истражува Македонија во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“!, чија цел е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на земјата од различни периоди.
Град Скопје соопшти дека поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, денеска во периодот од 10 до 18 часот дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, иницира формирање на партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.
Вдомени се 10 кучиња во отворените денови за вдомување бездомни животни, што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“.
Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од 15 октомври (понеделник) ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, соопштија од компанија БЕГ.
Иако вчера од МЕР АД Скопје истакна дека е постигнат договор со граѓанските активисти за продолжување на трасата за гасоводот кој минува низ водно, од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ со демант. Велат дека не е постигнат договор и дека се подготвуваат утре на нова „пресметка“ со багерите.
Промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од различни периоди е целта на едукативни тури низ Македонија во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“! што ги организира Центарот за научни истражувања „ХАЕМУС“ од Скопје.
Советот на Општина Аеродром попладне на вонредна седница ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање на трајно решение за стопирање на изградбата на зграда кај Мајчин дом.
Околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли ќе бидат дел од „Skopje Classic Day“ 2018 што ќе се одржи во недела на плацот кај авиончето во општина Аеродром.