Советот на Град Скопје на следната седница ќе одлучува за враќање на името Универзална сала на Конгресниот центар „Александар Македонски“ - Скопје.
По повод манифестацијата „Бела ноќ“ јавниот превоз ќе биде бесплатен на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.
Шест милиони долари се собрани како донации во рамки на движењето „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое годинава обедини 110.000 моторциклисти од 630 градови во 100 држави.
На патеката пред Македонската радио телевизија и Скопски саем, претстојниов викенд ќе се одржи Авто кружна трка Скопје 2018 во организација на АКК Примо авј во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 Октомври, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
Град Скопје оваа година првпат ќе распише јавен повик за субвенции за граѓани за купување електрични тротинети. Градските власти од својот буџет за оваа намена издвоиле еден милион денари.
Во Скопје од денеска до 6 октомври ќе се одржи регионална конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето под мотото „Наспроти се, иднината е наша!“.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште, Сарај, Карпош, Суденичани и Ѓорче Петров.
Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година. Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.
Во јавноста се појави лажна фејсбук страна која веќе два дена ја манипулира јавноста во името на Скопје Сити Мол и го злоупотребува името на Скопје Сити Мол нудејќи лажни информации.