Со велопикник и велоекспо денеска на Средно Водно почна одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018, која има цел за промоција на алтернативните видови транспорт и комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.
Со велопикник и велоекспо што ќе се одржат на Средно Водно денеска од 11 до 14 часот Град Скопје ќе го започне одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 што ќе трае до 22-ри овој месец.
Поради одржување јавен собир денеска од 12:30 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Општина Карпош денеска на Светскиопт ден на чистење 15 септември организираше акција за темелно чистење на Општината. Во неа се вклучи општинската администрација, општинското раководство, членовите на Советот, заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании. Се чистеа зелените површини, паркови и детски игралишта меѓу зградите.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ - Скопје во соработка со Општина Центар и ЈП „Комунална Хигиена“ денеска започна со темелно чистење на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатијето со цел одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи на територија на општината.
По повод Светскиот ден на чистењето, Општина Карпош денеска од 9.00 до 11.00 часот ќе спроведе еколошка акција на нејзината територија.
Во Градскиот парк во Скопје, граѓанската платформа „Мрдни со прст“ организира целодневен настан со наслов „Мрдни со прст – пикник за сите“. Настанот ќе започне во 11.00 часот, а ќе заврши во 1.00 часот по полноќ и ќе биде отворен за сите заинтересирани.
Поради одржување јавен собир во текот на викендов во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.
Град Скопје оваа есен ќе субвенционира 2.000 домаќинства и други субјекти на подрачјето на главниот град за чистење оџаци.
Трката „ Skopje Run 10K“, што ќе се одржи на 7 октомври, претставува можност за донирање на средства за СОС Детско село.