Општина Центар урива бесправно дограден дел на угостителскиот објект „Бистро Македонија од Стража“ на ул. „Македонија“, постапувајќи по решение на овластен градежен инспектор.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја презентираше реконструираната улица „Капиштец“.
Во старото градско јадро на Скопската чаршија денеска и утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите.
Град Скопје годинава по единаесетти пат избира „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Петстотини и десет тајни купувачи врз основ на повеќе критериуми ќе оценуваат 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафебарови.
Улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”, во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг, во знак на благодарност од Град Скопје и на скопјани за несебичната негова помош по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година.
Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници в сабота на 8 Септември - Денот на независноста ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја утре од 09:00 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улица „Франклин Рузвелт“ број 51 како и булевар „Партизански одреди“ број 48, во општина Карпош.
Посетителите можат до недела да се разладуваат и забавуваат во „Вип аква парк“ во Скопје. Летната сезона во овој аква парк завршува в недела, 9 септември.
Имаме за цел да отвориме една нова страница за развој на градот Скопје, истакна професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје на денешната промоција на книгата „Градови за луѓе“ од професорот Јан Гел од Данска што беше организирана од Комората на архитекти и овластени инженери.
Годинашното издание на фестивалот на новата музика „Здраво млади 8“, е со двојно зголемена посетеност од претходните изданија.