Општина Аеродром, во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“, денеска спроведе акција за чистење.
Град Скопје денеска организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои покажаа загриженост поради проектот.
Јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно ќе се одржи денеска во Советот на Град Скопје, на која, како што најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе присуствуваат претставници од надлежните државни органи и граѓанските здруженија.
Во текот на овој месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје. Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите, а во 22 е утврдено неправилно однесување на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Во живо ќе се пренесува дебатата на надлежните државни органи и граѓанските здруженија за изградба на гасоводот на Водно што ќе се одржи утре во Советот на Град Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Гимназијата „Орце Николов“ е едно од средните училишта кое во новата учебна година ќе има енергетски ефикасна фасада во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија.
Компири, грав, грозје, кромид, пиперки, краставици, лук, пченка, патлиџан, пелистерски и мариовски мед, козјо сирење и млеко, козметика, ракотворби, се само дел од производите што може да се дегустираат и купат на годинашниот 8. Фестивал на органска храна во Скопје.
Општина Центар започна со комплетна реконструкција на три занимални за деца од најмала возраст (јасли) во градинката Кочо Рацин, клон Бели Мугри.
Зоолошката градина, која летово бележи рекордна посетеност, викендов организира забава за најмладите по повод почетокот на учебната година.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 година, денеска оствари работна средба со претставници на спортските клубови кои егзистираат на територијата на Општина Кисела Вода.