Град Скопје соопшти дека oд утре (петок, 20.07.2018 година) до недела (22.07.2018 година), ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“) до крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, потегот кој минува до транспортниот мост.
Град Скопје соопшти дека од претстојниот викенд ќе почне втората дезинсекција против комарци.
Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.
Скопје ќе добие улица која ќе го носи името на норвешкиот политичар и дипломат Торвалд Столтенберг, кој почина на 13 јули на 87-годишна возраст.
На источната фасада од Музејот на Град Скопје претпладнево почна поставувањето на новите букви од познатата реченица што Јосип Броз Тито ја кажал ден по катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Со предлог-одлуката за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на фонтани, која ќе се најде пред Советот на Град Скопје на утрешната седница, се предлага јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да ја преземе оваа обврска за поголем број фонтани лоцирани во централното градско подрачје.
Традиционална акција во која досега 63 лица даруваа крв се одржа денеска во Домот на културата, во општина Илинден во пресрет на 2 Август, националниот празник на македонскиот народ и Денот на општината.
Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ останува на ставот дека е против какви било градежни активности во „Парк шумата Водно“ и по вчерашната средба со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи и претставници на Кабинетот на градоначалникот на Скопје и на ЈКП „паркови и зеленило“ Скопје.
Утре од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Бањалучка“ број 28, а од 8 до 16 часот жителите од Пинтија, сите домаќинства, стопански и нестопански објекти во самата населба, како и објектите на „Алукил“ и „Пропоинт“ во општина Кисела Вода.
Центарот за развој на Скопскиот плански регион денеска во Домот на културата во општина Илинден ќе ја одржи шестата седница.