По повод утрешниот државен празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП - Скопје.
Во организација на Општина Центар вечер во Паркот на Франкофонијата за прв пат ќе се одржи музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“.
- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП Водовод и канализација – Скопје.
- Настан во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“, чија мисија има за цел да ги едуцира учениците за последиците од корупцијата и немањето личен и заеднички интегритет ќе се одржи денеска во Основното училиште „26-ти Јули“ во населбата Шуто Оризари во Скопје.
- Центарот за управување со кризи информира дека на бројот 112 е примена дојава за пожар во населбата Ѓорче Петров од левата страна на реката Вардар.
Под слоганот „Подај рака“, денеска на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 8. хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон.
Во соработка со „Air Care“ (Мој Воздух), „Бреинстер“ викендов организира два хакатона, на кои студентите ќе ја креираат апликацијата Breathe.mk, која ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје.
На саемот присуствуваат над 400 изложувачи, мали производители на храна и пијалаци што презентираат 2.000 вкусни производи, приготвени по традиционални рецепти.
По пријави на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, Општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.
Тој истакна дека покрај сите пречки со кој се соочува општината, активно се работи на решавање на проблемите со сместувањето на дечињата во Аеродром, а за тоа говори и градинката која се отвори минатата со капацитет од 200 дечиња и реконструкцијата на неколку градинки во текот на оваа година.