Kејот на реката Вардар во Скопје на потегот кај градскиот парк е доведен во незавидна состојба и наместо омилено собиралиште за одмор и рекреација се претвара во целосен запуштен простор.
Во општина Аеродром осамнаа плакати на кои се критикува работењето на Златко Марин и тоа по само пола година владеење.
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката ги зголеми цените на своите услуги.
Стартот на кошаркарски спектакл – турнирот „FIBA 3х3 Skopje City Mall 2018“ се одлага за две седмици поради најавените поројни врнежи од дожд за почетокот на јуни.
Најбогат по денови и по учесници е годинашниот, 17-ти фестивал на музика од светот Оффест, што ќе се одржува од 31 мај до 5 јуни на три локации, главно, во Младинскиот културен центар.
Град Скопје ќе ги подобрува капацитетите на администрацијата и ќе соработува со граѓанскиот сектор за да го зголеми искористувањето на фондовите од Европската унија, каде нема доволно резултати и покрај добро поставената стратешка рамка.
ЈСП Скопје информира дека денеска завршил договорот помеѓу нив и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, па затоа во наредните неколку денови корисниците на нивните услуги, нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички.
Граѓанските иницијативи и по завршувањето на преговорите со Македонски енергетски ресурси (МЕР) остануваат на ставот против изгадба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Од НВО „Го сакам Водно“ порачуваат дека ќе се борат со сите расположливи средства доколку се продолжи со работење на трасата.
Општина Карпош денеска објави втор повик за аплицирање за субвенции за купување нови велосипеди за жители на општината, за која намена одвои дополнителни 360.000 денари.
Акцијата за плаќање на заостанат долг на рати и без камата завршува утре, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ и воедно ги повикуваат сите корисници кои имаат долг, да ја искористат оваа можност.