Град Скопје не отстапува од намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар и ги повикува дивите пазарџии да ги прекинат блокадите и да ја прифатат понудата дадена од Градот Скопје, Општина Чаир и Скопски пазар да го легализираат своето работење во рамки на пазарот.
Трки во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам в недела на Водно ќе се одржат по шестти пат во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.
Лабораторијата ја отвори градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој рече дека враќањето на животот во стариот дел на градот е наша стратешка определба и затоа посветено се работи културното наследство да се направи достапно за сите.
Откако матичните лекари го дијагностицирале вирусот, родителите на децата ја известиле управата на градинката „Пролет“, која веднаш за случаите го информирала Центарот за јавно здравје - Одделението за епидемиологија.
Агенцијата за млади и спорт првпат годинава организира „Саем на кариера 2018“, кој ќе се одржи денеска на Универзитет Св. „Кирил и Методиј“.
Недозволиво е во главен град на една европска држава, во европско Скопје за кое сите се залагаме, да имаме луѓе кои на диво ќе продаваат стока, надвор од кој било правен пропис и надвор од кое било правило.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпишаа писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.
Градот Скопје од денеска до среда ќе биде домаќин на Второто Генерално собрание на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (РОЦК), на кое ќе присуствуваат сите учесници во овој меѓународен проект.
- Акцијата што започна на 2 април и требаше да трае до 15 мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29 мај 2018 година, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Поставен е семафор на улицата „Борис Сарафов” кај Основното училиште „Мирче Ацев” кое важеше за критична точка во сообраќањето низ општина Ѓорче Петров.