Инспекторатот за животна средина попладнево соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“ каде што синоќа беше запалено отпадно железо.
Сообраќајната полиција за помалку од три часа синоќа при спроведување мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки регистрирала 21 прекршок и издала 21 платен налог и налози на прекршителите.
Во Скопје денеска ќе почнат Деновите на финансиска писменост на кои посетителите ќе може да се информираат за сите финансиски теми.
Во насока на поголема транспарентност и подобро информирање во врска со акцијата за сечење и кастрење дрвја во Карпош 4, Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека истото се врши на барање на жителите согласно со сите законски постапки.
На социјалната мрежа твитер се појавија фотографии од масовна сеча на дрвја во Карпош 4.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се соочува со пријава од дваесетина скопски угостители откако најави дека општината била носител на акција за контрола во неколку населби, пренесува Фактор.
Изложби, модни ревии и инсталции, работилници, форуми, предавања, презентации, промоции и проекции се дел од седмото издание на фестивалот „Скопје Креатива 2018“ што ќе се одржува од утре до 13 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На местото каде беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето е засадено дрво гинко како симбол на човековите права. До него ќе биде поставена плоча на која е испишан член 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации.
Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, а ќе трае три месеци.
Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без струја ќе останат делови од неколку скопски општини.