Снабдувањето со електрична енергија во општина Аеродром вечерва е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што во текот на денот и повторно вечерва го зафати Скопје.
Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.
Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на годинашниов Виз Ер Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Второпласиран беше неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.57. Трет беше Руто Кипротич од Кенија со 2.28.58.
Трката на пет километри беше најмасовна. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.
Град Скопје реагира на серијата на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ на кои се пласираат разни невистини и шпекулации околу работата и состојбите со депонијата Дрисла.
Град Скопје денеска се вклучи во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина. Оваа акција е дел од иницијативата на ЗЕЛС за подобрување на животната средина во сите општини.
Детскиот мини маратон 2018 почна во паркот Авионче во Ново Лисиче, каде децата беа охрабрувани од нивните родители и најблиски. Децата трчаа за создавање на училишта без насилство. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.
Jавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира граѓаните дека поради одржувањето на „Виз Ер Скопски Маратон 2018“ во периодот од 7 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај на повеќе градски улици и булевари.