Здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици и годинава ќе учествува на Скопскиот маратон заедно со групата Скопско Ноќно Трчање, за подигнување на јавната свест за ретките болести.
Поради закажани технички зафати во електро-системот без електрична енергија денес ќе бидат делови од општините Гази Баба, Арачиново, Кисела Вода и Карпош.
Во Домот на културата „Ѓорче Петров“ во четврток (3 мај) со почеток од 20 часот хуманитарен концерт ќе одржи младата пејачка Магдалена Алексовска и многу музички имиња.
Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална работа и Агенцијата за вработување ќе спроведе обука на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни и да трае три месеци. Пријавувањето почнува утре и ќе трае до 10 мај годинава.
Осумдест ученици од Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ од септември ќе учат по наставна програма која е профилирана за потребите за шест компании од Македонија, а по завршувањето на образованието, 57 матуранти ќе имаат загарантирано вработување.
По повод „Интернационалниот ден на желбата“, денеска во Скопје ќе се оддржи втората самостојна изложба насловена „13 Причини зошто“ на младата уметница Христина Тарабунова, која ќе биде од хуманитарен карактер.
Општина Центар соопшти дека работи на зголемување на безбедноста и на подигнување на свеста кај граѓаните и учесниците во сообраќајот.
Договор за соработка меѓу Скопје и Атина денеска потпишаа градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.
Општина Центар и ЈП ПОЦ во соработка со СВР Скопје, од денеска започнуваат со едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно!.
Општина Аеродром додели 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња на нејзината територија. За оваа намена се издвоени над четири милиони денари од општинскиот Буџет.