Под мотото „Подобри закони за поубави градови“, „НаТочак“ - Скопје, попладнево, со уште една велосипедска тура од плоштадот „Македонија“ што ќе почне во 17:30 минути, ќе им даде поддршка на законските измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Во тек е набавката на новата печка за согорување медицински отпад за депонијата „Дрисла“. Таа треба да биде набавена до јуни и роковите не се пробиени, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека од денеска во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор) на депонијата „Дрисла“.
Ученици од 30 и повеќе основни училишта од Скопје и од околината денеска ќе учествуваат на седмата „Ролер трка“. Годинава мотото на манифестацијата е „Возиме кон иднината“.
В четврток и петок, градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис ќе го посети Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни градови, соопштуваат од општина Атина.
Предлог-одлуката за давање согласност за распишување Јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на општина Карпош за купување нови велосипеди беше изгласана на 9. седница на Советот на општина Карпош.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредната година да почне изградбата на тунелите под Кале за кои вели дека ќе придонесат за новиот изглед и фонкционалност на Скопје.
Пари за реализација на втората фаза од жичницата кон Водно има, но проблематична е стартната точка на жичницата, оцени денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
„Сите сити“, систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните на кои им е потребна беше промовиран денеска во Скопје. Системот за почеток ќе функционира во главниот град .
Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенко Смаиловиќ има основна плата од 55.000 денари исто како и неговиот претходник, информира денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.