Со засадување дрворед од 42 висококвалитетни садници јавор покрај булеварот „8 Септември“ и 20 садници бреза во средишната жардиниера на булеварот, Град Скопје денеска ја заврши пролетната акција за зазеленување на Скопје.
Масовна ,,чистка” на Водно. Првиот викенд од како стартуваше новиот систем на паркирање, пајак службата во акција. Тие едвај чекаа да ги соберат возилата и викендот да им го упропастат на граѓаните.
Еколошката младинска организација „Гоу Грин“ и Меѓународниот балкански универзитет денеска во Градскиот парк ја организираат акцијата „Еко - патрола“ по повод Денот на планетата Земја.
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ почнува пилот – проект за исцртување на 3Д пешачки премини на скопските улици, јавува ТВ21. За почеток, меркава ќе се имплементира на неколку места, за да се спречат сообраќајните незгоди.
Град Скопје го распиша јавниот повик со кој граѓаните ќе имаат можност да добијат субвенции за купување на велосипед.
-Змијата беше пред 3/4 барака и побегна низ тревата и се изгуби, препорачуваме прозорци да не оставате отворени да не добиете несакан цимер, напиша еден од студентите на ФБ групата.
Субвенции за велосипеди, нов екоавтобус и велосипедски патеки, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Пред повеќе од 20 дена уривањето беше стопирано од градежните инспектори на општина Центар откако било увидено дека била почната постапка за уривање без одобрение.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е назначен за прв потпретседател на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа (НАЛАС) која во Брдо го одржува 13.генерално собрание.
-Градоначалниче, ако некој градеше фонтани и паркови не значи дека ти сега треба за инает да ги запуштиш. Фати се за работа, општината ни пропаѓа!, ова преку статус го објавува фан пејџот на „Аеродром во моето срце“.