Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“ почнува вечер во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Град Скопје ги демантира неточни наслови и информации пренесени од некои медиуми во врска со цената на дрвото Гинко што ќе биде поставено на местото каде беше т.н. споменик од Ќосето, пред Судската палата во Скопје.
Град Скопје ќе набави дрва од видот „Гинко“ во вредност од 650.000 евра. Дрвата ќе се набавуваат преку јавна набавка во соработка со Министерството за животна средина и ЈП „Паркови и зеленило.
Отстранет споменикот на Андон Јанев- Ќосето, револуционер, но и контроверзна личност на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше отстранет во утринските часови, по што е преместен во магацините на скопска фабрика.
Ова денеска на прес-конфренција го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека повеќе нема да се толерира незаконитот и недозволено постапување и оти почнува процесот на справување со проектот „Скопје 2014“.
Во Градот Скопје нема понатаму да се толерира незаконитоста и недозволеното постапување и почнува процесот на справување со проектот „Скопје 2014“. Сите досега изведени самоволни активности на претходната власт во градот ќе бидат соодветно законски истретирани.
По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби донесоа решение дека се работи за дивоградба, соопштија денеска од општина Центар во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје.
Споменикот на Андон Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје.
Двојно е зголемен водостојот на реките Треска и Вардар кај Зајчев рид, покажуваат најновите хидролошки мерења.
Граѓаните на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината преку СМС-порака или на Вибер на телефонскиот број 076-313-387.