Сите што треба, знаат дека во дворот на некогашниот гигант Охис во Скопје лежи темпирана бомба, но за нејзино деактивирање досега не е направено речиси ништо, објави “360 Степени”.
Град Скопје распишува конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило кои ќе се поставуваат на јавни површини и на градската сообраќајна мрежа.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува годинава да почне гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење и да се зголеми енергетската ефикасност на објектите кои се под градот Скопје.
Дванаесетканален апарат ЕКГ, монитори за контрола на одредени параметри за следење на состојбата на тешко болните деца и перфузор за давање прецизна терапија доби денеска Детската болница Козле.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донесе решение со кое го поништи и го огласи за ништовно издаденото одобрение на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улица „11 Октомври“
Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје годинава за првпат после 25 години ќе добие ново возило со противпожарни скали. Покрај ова, планирано е да се купат уште четири нови противпожарни возила.
Петре Шилегов објаснува дека уште пред да стане градоначалник бил свесен за предизвиците со кои што ќе се соочи, но дури по преземањето на должноста, сфатил колку многу треба да му се помогне на градот.
– Дами и господа добар ден . Денеска е прв пат што имав добра средба со мојот пријател Јоргос, рече Петре Шилегов, но обраќајќи се на грчки јазик, при што изнуди силен аплауз од присутните.
По повод верскиот празник Задушница, Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре (10./11.02) во периодот од 06,00-16,00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.
ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поради поволните временски услови почна да ја реализира Програмата за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на град Скопје.