Противпожарни екипи попладнево интервенирале во Археолошкиот музеј на Македонија, откако, според првичните информации, мал пожар избил во подземните простории поради дефект со инсталација.
Централните и локалните власти, невладините организации, приватниот сектор и домаќинствата потребно е преку интегриран пристап и со заеднички напори да го надминат проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ова денеска го соопшти по состанокот за аерозагадувањето во главниот град. Потенцира дека првпат почнува системски да се решава проблемот со загадувањето, како на воздухот така и на околината.
Денеска на средба со ВД директорот на ПОЦ Вангел Андрески, се разгледуваше можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително ќе се намали загадувањето.
Покрај солта и ладниот асфалт, обезбедена е и техничка поддршка од специјалните возила на фирмата „Аполо инженеринг“ од Скопје со 15 камиони, кои се опремени со GPRS и ќе бидат ставени на располагање во текот на сезоната.
Состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ го посетија стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“.
Возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за загревање на домовите да не се користат отпадни материи и да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата.
Празнувањето почнува вечер во 17 часот со Вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска информира дека е разработен план за сообраќајно решение за Водно. Имплементацијата ќе биде за викендот, по 15 овој месец, во зависност од преземањето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.