Како што во саботата соопшти Министерството за внатрешни работи, родител, во СВР Скопје во петокот пријавил, дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари.
Неконтролираното размножување ги полни улиците со бездомни кучиња,а несоодветните законски регулативи или неефикасниот систем на казнивост го отежнуваат решавањето на проблемот со уличните кучиња - жртви на несовесното сопствеништво.
Прекините на електричната енергија ќе бидат во реонот на населбите Аеродром, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче.
Екипа на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментов интервенира во близина на Смилковско Еезеро, каде гори сува трева. Пожарот го гаснат тројца пожарникари со едно возило.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше дел од кампањата „BeActive Day“, за промоција на спортот и физичката активност која ја спроведува невладината организација ТАКТ. На настанот, како што соопшти Општина Центар, присуствувал и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата објава на инстаграм истакна дека дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка.
Во петок, жичарницата на Водно нема да работи поради редовен годишен технички преглед, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
Општина Ѓорче Петров од денеска има нова зграда, а воедно се одбележува и Денот на општината. Се слави 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.
Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
Со положување цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк и со свечена седница на Советот, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа 20 Септември – Денот на општината.